Skip to content
Емаил адреса: elkolekt@gmail.com info@elkolekt.mk Телефон: +389 (0) 71 263 500
Elkolekt
Квалитет · Здравје · Безбедност · Животна средина

Политика за квалитет

Мисија, визија и принципи на интегрираниот QHSE систем за управување.

01

МИСИЈА

Елколект ДОО заедно со своите членови интензивно ќе работи на организирање на системот за управување со отпад од електрична и електронска опрема, информирање на крајните корисници за потребата од одделно собирање на отпадот, организирање на собирни места, преземање активности за укажување на потребата од преработка, реупотреба и/или рециклирање на отпадната електрична и електронска опрема. Сето ова со цел постигнување на националните цели за собирање, преработка и реупотреба и/или рециклирање на отпадната електрична и електронска опрема и намалување на можните негативни влијанија и последици врз здравјето на луѓето и животната средина.

02

ВИЗИЈА

Нашата визија е Елколект ДОО да биде признат како лидер во управувањето со квалитет, здравје и безбедност и животна средина во сферата на управувањето со отпадна електрична и електронска опрема, обезбедување на иновативни решенија за задоволување на потребите на нашите клиенти во согласност со принципот на одржлив развој и одговорно одржување на интегриран систем за управување со QHSE.

03

ПРИНЦИПИ

Ги извршуваме нашите задачи со почит и грижа за животната средина, без да се загрози здравјето и безбедноста на луѓето, вработените или клиентите. Работиме постојано на подобрување на нашите деловни процеси во согласност со законските барања и соодветните меѓународни стандарди.Нудиме високо квалитетни услуги за нашите клиенти. Обезбедуваме средина за отворена и транспарентна комуникација за прашањата во врска со квалитет, здравје, безбедност и животна средина.Признаваме дека вештините и вклученоста на нашите вработени се од суштинско значење за разбирање и задоволување на потребите на нашата компанија и клиентите. Ги обезбедуваме потребните ресурси за да се постигне нашата визија.

За да ги следиме овие принципи посветени сме кон:
• Интегрирање на QHSE во бизнис стратегијата и процесите на компанијата.
• Ефикасно управување со QHSE преку развивање, спроведување и одржување на најдобри практики и интегриран систем за управување.
• Проценка и управување со ризиците од QHSE на компанијата.
• Мерење на QHSE перформансите и развој на годишни и долгорочни цели на QHSE за да се постигне континуирано и одржливо подобрување.
• Постигнување на усогласеност со интерните и екстерните барања преку ревизии и се стремиме кон усогласеност со меѓународните стандарди ISO 9001, ISO 14001 и ISO 45001.
• Дефинирање на елементите на QHSE и нивното влијание врз практиките, процесите и услугите за да се усогласи нашата работа со очекувањата на јавноста и клиентите.
• Подигнување на свеста за QHSE и зајакнување на довербата на заинтересираните страни во нашето работење преку информирање, консултации, обука и советување.
• Одржување на секој вработен одговорен за неговата посветеност на нашите принципи.

ISO 9001 ISO 14001 ISO 45001
За да ги следиме овие принципи посветени сме кон:

Интегрирање на QHSE во бизнис стратегијата и процесите на компанијата.

Ефикасно управување со QHSE преку развивање, спроведување и одржување на најдобри практики и интегриран систем за управување.

Проценка и управување со ризиците од QHSE на компанијата.

Мерење на QHSE перформансите и развој на годишни и долгорочни цели на QHSE за да се постигне континуирано и одржливо подобрување.

Постигнување на усогласеност со интерните и екстерните барања преку ревизии и се стремиме кон усогласеност со меѓународните стандарди ISO 9001, ISO 14001 и ISO 45001.

Дефинирање на елементите на QHSE и нивното влијание врз практиките, процесите и услугите за да се усогласи нашата работа со очекувањата на јавноста и клиентите.

Подигнување на свеста за QHSE и зајакнување на довербата на заинтересираните страни во нашето работење преку информирање, консултации, обука и советување.

Одржување на секој вработен одговорен за неговата посветеност на нашите принципи.

↓ Политика за квалитет (PDF)

Подготвени за следниот чекор?

Поврзете се со ЕЛКОЛЕКТ и изберете ја точната услуга за вашата законска обврска.

Зачленување
TEL ПРИЈАВА ЗА Е-ОТПАД