МИСИЈА
Елколект ДОО заедно со своите членови интензивно ќе работи на организирање на системот за управување со отпад од електрична и електронска опрема, информирање на крајните корисници за потребата од одделно собирање на отпадот, организирање на собирни места, преземање активности за укажување на потребата од преработка, реупотреба и/или рециклирање на отпадната електрична и електронска опрема. Сето ова со цел постигнување на националните цели за собирање, преработка и реупотреба и/или рециклирање на отпадната електрична и електронска опрема и намалување на можните негативни влијанија и последици врз здравјето на луѓето и животната средина.