Skip to content
Емаил адреса: elkolekt@gmail.com info@elkolekt.mk Телефон: +389 (0) 71 263 500
Elkolekt
Постапка за членство во ЕЛКОЛЕКТ

Зачленување

Три чекори: регистрација како производител, документи за МЖСПП, договор со ЕЛКОЛЕКТ.

01

Станете член

За да станете член на ЕЛКОЛЕКТ треба да сте регистрирани како производител на електрична и електронска опрема во Министерството за животна средина и просторно планирање согласно член 14 од Законот за проширена одговорност на производителот („Сл. Весник на РСМ“ бр. 215/21).
02

Регистрирање во Министерството за животна средина

Доколку сеуште не сте регистрирани во Министерството за животна средина и просторно планирање потребно е тоа да го сторите пред да увезете/пуштите на пазар за прв пат електрична и електронска опрема во Република Северна Македонија. Регистрацијата за производител се прави во Министерството за животна средина и просторно планирање со достава на следните документи:
  • Пополнето барање за регистрација на производител во Регистарот на производители за проширена одговорност
  • Копија од тековна состојба
  • Копија од уплатница за платена административна такса
  • Договор со колективен постапувач
За точно пополнување на Барањето за регистрација во делот на определување на категории на опрема според тарифен број на опремата што ја увезувате за прв пат во Република Северна Македонија погледнете го Упатството за категории на опрема по тарифен број.
Производителот има обврска за електронско регистрирање на посебна интернет страница согласно Правилникот за формата и содржината на барањето за регистрација на производителот, формата и содржината на барањето за бришење од регистарот на производители со проширена одговорност, формата и содржината на регистарот за производители со проширена одговорност, начинот на чување и одржување на регистарот, како и формата и содржината на потврдата за регистрација и потврдата за прошење на производителот во регистарот на производители со проширена одговорност („Сл. Весник на РСМ“ бр. 58/22).
03

Стани член на ЕЛКОЛЕКТ

Член на ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје се станува со потпишување на Договор за преземање на обврски за постапување со отпад од електрична и електронска опрема.

Обврска на производителот

Производителот има обврска за редовно плаќање на надоместок кон ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје за управување со отпадна електрична и електронска опрема согласно ценовникот за тековната година кој ЕЛКОЛЕКТ го објавува на својата веб страна најдоцна до 15 Ноември во тековната за наредната година.
Праг за обврска

Дали имате обврска?

Контакт →

Доколку Вашата компанија годишно пушта на пазарот во Република Северна Македонија или како краен корисник увезува опрема без посредник над 100 кг од категориите 1, 2 и 4 или над 50 кг од категориите 3, 5 и 6, тогаш станете наш член и искористете ги придобивките кои ги нудиме.

Подготвени за следниот чекор?

Поврзете се со ЕЛКОЛЕКТ и изберете ја точната услуга за вашата законска обврска.

Зачленување
TEL ПРИЈАВА ЗА Е-ОТПАД