Трговецот не треба да поседува дозвола за местата за повратен прием или за собраната отпадна опрема од домаќинствата во своите деловни простории, во согласност со прописите за управување со отпадот;
Краен корисник
Што сте должни да направите со отпадната опрема како потрошувач или правно лице.
“Трговец” согласно член 7 точка 15 од Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема („Сл. Весник на РСМ“ бр. 176/21) е правно или физичко лице кое во синџирот на снабдување ја прави опремата достапна на пазарот. Трговец, може во исто врема да биде и производител. Трговецот е должен, при продажба на опрема на крајниот корисник бесплатно да ја прими назад отпадната опрема, доколку сака да ја врати при што функцијата на отпадната опрема е иста како и продадената, а бројот на парчиња од отпадната опрема е еднаков со бројот на парчиња од продадената опрема (систем еден на еден); Доколку трговецот врши домашна испорака на опрема е должен на крајниот корисник да му понуди бесплатно преземање на отпадната опрема од домаќинствата од местото на кое се врши достава, најмалку за истиот број парчиња опрема со иста класификација и функција, доколку истиот сака да ја предаде; Трговецот кој има малопродажна продавница со површина над 400 m2 е должен да обезбеди простор (во самиот објект на продажниот простор или во негова непосредна близина) за бесплатно собирање на отпадна опрема од домаќинствата со големина чиј надворешен обем е до 25 cm и без обврска за купување на слична опрема од крајниот корисник. Просторот мора да биде достапен до јавноста и означен на начин кој ќе овозможи да бидат истакнати јасно видливи знаци за неговата местоположба на видно место; Трговецот во својот продажен простор, како и на неговата веб-страница, интернет и печатен маркетиншки материјал за продажба, е должен да истакне информација за крајниот корисник за можноста за враќање на отпадната опрема од домаќинствата, како и за неговата обврска за преземање; Трговецот, собраната отпадна опрема од домаќинствата е должен без надоместок да ја предаде, на собирач или на инсталација за преработка на отпадна опрема кои се дел од систем на колективен или самостоен постапувач со идентификациони и транспортни формулари согласно прописите за управување со отпад;
Законски обврски на Краен корисник


Трговецот може да одбие да ја прими отпадната опрема од домаќинствата од крајниот корисник доколку: отпадната опрема не ги содржи основните составни делови, опремата содржи друг вид отпад освен отпадна опрема или отпадната опрема е толку оштетена или загадена што поради опасните супстанции кои ги содржи, ја загрозува животната средина и здравјето на луѓето;
Трговецот е должен да води евиденција за количеството на преземена, собрана како и предадена отпадна опрема од домаќинствата, според вид и категорија на отпад на посебен образец;
Трговецот, од производителот од кој ја набавува опремата е должен да обезбеди писмена потврда дека е дел од самостоен или колективен постапувач за управување со отпадна опрема, односно потврда дека производителот го платил надоместокот кон самостојниот или колективниот постапувач.
Каде да го предадете вашиот Е-Отпад?
Во Република Северна Македонија, ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје има изградено мрежа на собирни места, каде може бесплатно да го предадете вашиот електричен и електронски отпад. Зелена линија: 071/263-500