Skip to content
Емаил адреса: elkolekt@gmail.com info@elkolekt.mk Телефон: +389 (0) 71 263 500
Elkolekt
За нас

За Елколект

Лиценциран колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема.

Кои сме ние

Друштво за управување со отпад 
ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје

е непрофитна организација која согласно Решение бр. УП1-11/2-1691/2019 од 12.04.2022 издадено од Министерство за животна средина и просторно планирање е лиценциран колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема. Примарна дејност на ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје е управување со отпад која ја остварува преку спроведување на проширената одговорност на производителите-членки на Друштвото. Наша основна цел е воспоставување на функционален систем за постапување со отпадна електрична и електронска опрема во соработка со производители, трговци, општини и рециклатори заради обезбедување на максимална количина на собирање, преработка и рециклирање на е-отпад и исполнување на националните цели за собирање, повторна употреба и рециклирање на е-отпадот на начин кој нема да создава дополнителен терет на животната средина и животот и здравјето на населението на Република Северна Македонија.

Лиценца Решение бр. УП1-11/2-1691/2019 12.04.2022 · МЖСПП

Елколект основачи

8 компании основачи

ЕЛКОЛЕКТ — станете член

Зачленување

Доколку Вашата компанија годишно пушта на пазарот во Република Северна Македонија или како краен корисник увезува опрема без посредник над 100 кг од категориите: 1, 2 и 4 или над 50 кг од категориите 3, 5 и 6, тогаш станете наш член и искористете ги придобивките кои ги нудиме.

Подготвени за следниот чекор?

Поврзете се со ЕЛКОЛЕКТ и изберете ја точната услуга за вашата законска обврска.

Зачленување
TEL ПРИЈАВА ЗА Е-ОТПАД