За Елколект
Лиценциран колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема.
Друштво за управување со отпад ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје
е непрофитна организација која согласно Решение бр. УП1-11/2-1691/2019 од 12.04.2022 издадено од Министерство за животна средина и просторно планирање е лиценциран колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема. Примарна дејност на ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје е управување со отпад која ја остварува преку спроведување на проширената одговорност на производителите-членки на Друштвото. Наша основна цел е воспоставување на функционален систем за постапување со отпадна електрична и електронска опрема во соработка со производители, трговци, општини и рециклатори заради обезбедување на максимална количина на собирање, преработка и рециклирање на е-отпад и исполнување на националните цели за собирање, повторна употреба и рециклирање на е-отпадот на начин кој нема да создава дополнителен терет на животната средина и животот и здравјето на населението на Република Северна Македонија.
ЕЛКОЛЕКТ — станете член
ЗачленувањеДоколку Вашата компанија годишно пушта на пазарот во Република Северна Македонија или како краен корисник увезува опрема без посредник над 100 кг од категориите: 1, 2 и 4 или над 50 кг од категориите 3, 5 и 6, тогаш станете наш член и искористете ги придобивките кои ги нудиме.
Подготвени за следниот чекор?
Поврзете се со ЕЛКОЛЕКТ и изберете ја точната услуга за вашата законска обврска.